Шеф на пограничната служба на Украина: Руските хуманитарни конвои никогаш не превезувале оружје и муниција

Во руските хуманитарни конвои кои Руската Федерација редовно ги праќа во Донбас, украинските граничари ниеднаш немаат најдено оружје, изјави за „5 канал“ шефот на Државната погранична служба на Украина Виктор Назаренко.

Во руските хуманитарни конвои кои Руската Федерација редовно ги праќа во Донбас, украинските граничари ниеднаш немаат видено оружје. Ова во четвртокот го изјави за „5  канал“ шефот на Државната гранична служба на Украина Виктор Назаренко. 

„До денес има стигнато веќе 28 таканаречени конвои. Во план е и следниот. Превезуваат различна роба. Во последно време претежно прехранбени производи. Во тие „конвои“ ниеднаш не е откриено оружје или муниција“, изјави Назаренко. 

Одговарајќи на коментарот дека украинската страна претходно тврдеше дека во хуманитарните конвои се превезува оружје, шефот на службата изјави дека тој е „воено лице“. „Навикнав да одговарам само за она што го работиме јас и моите потчинети. Јас не можам да одговарам за процените на други луѓе. Ние не забележавме ништо слично“, истакна Назаренко. 

Според неговите зборови, до денес ниеден хуманитарен конвој законски не ја поминал државната граница на Украина. Тоа се случува поради низа причини, помеѓу другото и поради тоа што Киев не контролира дел од границата на исток. Покрај тоа, според него, хуманитарниот конвој треба да биде правно регулиран.   

„За жал, Руската Федерација ги игнорира овие прашања, но ние правиме сѐ за да ги насочиме низ оној дел на границата што е под наша контрола. Тоа значи дека, доколку го постигнеме тоа, тие ќе можат да влегуваат во Украина по законски пат“, изјави тој. 

Русија почна да испраќа хуманитарни конвои во Донбас во август 2014 година. Според податоците на Москва, тие во зоната на борбените дејства носат прехранбени производи и друга роба која ги задоволува основните животни потреби. Последната колона ја помина границата со Украина на 28 мај. 

Официјален Киев повеќепати соопшти дека руските хуманитарни конвои на територијата на Украина влегуваат кршејќи ги сите меѓународни норми, затоа што не се надгледувани ниту од граничарите, ниту од цариниците, ниту пак од претставниците на Меѓународниот комитет на Црвениот крст. Освен тоа, Советот за национална безбедност и одбрана на Украина тврди дека хуманитарните конвои довезуваат оружје за доброволците.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња