Секретарот на Службата за национална безбедност и одбрана (СНБО) на Украина Александар Турчинов апелираше Западот да им го блокира преминот на руските бродови низ Босфорот, пренесува rambler.ru.
„Потребно е да се размисли за тоа покрај уведените санкции да им се блокира преминот на нивните (руски) воени бродови низ Босфорот. Исто така, рускиот финансиски систем би требало да се исклучи од системот SWIFT, затоа што поддржува и финансира нуклеарни програми, како и терористи”, рече Турчинов.
Тој додаде дека Украина го обновува својот противракетен штит, чија главна задача е „одбрана од руската агресија”.
Турчинов по стапувањето на местото секретар на безбедносната служба на Украина на 17 декември 2014 година рече дека Украинците уште сега мораат да се мобилизираат за „континентална војна“ која, според неговите зборови, ќе започне со напад на руската армија врз Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче