Премиерот на Украина Арсениј Јацењук во интервју за француски медиуми изрази незадоволство од посетата на државниот секретар на САД Џон Кери на Сочи и неговата средба со претседателот на РФ Владимир Путин и министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.
„Нам ни е јасно дека во глобалната политика постои голем број на проблеми, меѓу кои се Исламската држава, Јемен и друго. Но, мојата порака е: слушнете, Сочи не е најдоброто место за одмор и не е најдоброто место за разговор со рускиот претседател и рускиот министер за надворешни работи“, изјави Јацењук, а пренесува РИА „Новости”.
Освен тоа, украинскиот премиер изјави дека „верува“ дека во текот на средбата во Сочи Кери соопштил дека ја поддржува Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.