Населението на Донецка и Луганска Народна Република се префрла на плаќање во рубли

Руската рубља во источните области на Украина дефинитивно ја потисна украинската гривна.

Руската рубља во источните области на Украина дефинитивно ја потисна украинската гривна. Во Донецк, Луганск и другите населени места на Донбас продавниците и пумпите примаат исклучително рубли. Жителите на Донбас ги примаат пензиите и социјалните примања во рубли.

Донецката и Луганската Народна Република (ДНР и ЛНР) купуваат гориво и прехранбени производи првенствено во Русија и за плаќање со трговците и снабдувачите во малопродажбата се потребни рубли.

Во мај ДНР и ЛНР почнаа си исплаќање на пензиите во рубли. „Од 5 мај почна исплатата на целата територија на ЛНР“, изјави министерката за труд и социјална политика Светлана Малахова. Пензионерите кои не добија пензија за април (35% пензионери) ќе можат да ги добијат двете пензии одеднаш. 

Исплатата на граѓаните на ДНР кои се приматели на социјални давачки исто така почна во мај. Указот на претседателот на ДНР Александар Захарченко е објавен на сајтот на Републиката. „За обезбедување на уставното право на граѓаните на социјална помош од државата, со цел да се организира редовна исплата на социјалните давачки на граѓаните на кои им е потребна социјална помош од државата, наложувам: почнувајќи од мај 2015 година треба да се обезбеди организација на редовна исплата на социјалните давачки на граѓаните кои имаат право на нив“, се наведува во указот.  

Киев веќе неколку месеци спроведува економска блокада на Новорусија, спречувајќи испорака на прехранбени производи на истокот на Украина и трансфер на пари за исплата на платите, пензиите и социјалните давачки на населението на Новорусија.  

Отсега властите на Донбас ќе ги исплаќаат социјалните давачки во руски рубли преку одделението на Централната републичка банка, како и со помош на државното претпријатие „Пошта на Донбас“. Со указот е предвидено 12 видови државна помош, помеѓу другото и помош за нега на деца до три години старост, помош за самохрани мајки, деца без родители и инвалиди.

Висината на исплатите изнесува од 1000 до 4400 рубли (од 17 до 78 евра), најголема исплата (еднократна) е предвидена за раѓање на дете и изнесува 20640 рубли (околу 365 евра).  Вчера 16-годишнаците ги добија првите пасоши на Луганската Народна Република. Пасошите се изработени според руски стандарди во склад со меѓународните норми. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња