САД ја повикаа Европа да го продолжат заедничкиот притисок врз Русија

Единството на САД и Европа е од клучна важност за „продолжувањето на притисокот врз Русија“, изјави претставникот на Белата куќа Џошуа Ернест.

Единството на САД и Европа е од клучна важност за „продолжувањето на притисокот врз Русија“, изјави претставникот на Белата куќа Џошуа Ернест.

„За жал, гледаме дека Русија и понатаму не ги исполнува своите обврски во склад со Минската спогодба […] Тоа е разочарување за нас”, изјави прес-секретарот на претседателот на САД.

Според него, САД ја продолжуваат соработката со европските партнери за да извршат економски притисок врз Москва во врска со ситуацијата околу Украина, пренесува РИА „Новости”.

„Ние соработуваме со европските колеги за да извршиме дополнителен притисок врз Русија“,изјави Ернест.

Притоа портпаролот на Белата куќа изјави дека Вашингтон е убеден дека Киев ги исполнува своите обврски во врска со Минската спогодба. „Ние ја гледаме очигледната подготвеност на украинската влада да ги извршува своите обврски“, изјави Ернест.

Тој потсети дека потпретседателот на САД Џозеф Бајден одржува редовна телефонска врска со највисокото раководство на Украина, а тоа повремено го прави и американскиот претседател Барак Обама. „Тие јасно покажуваат дека САД и нашите европски сојузници одлучно ги поддржуваат напорите на украинските власти во насока на спречување на дестабилизацијата на ситуацијата од страна на проруските сепаратисти“, изјази Ернест.

Според него, Америка ја гледа причината на сите несреќи во континуираната руска помош за доброволците на истокот на Украина. Притоа Америка отворено го помага Киев. „Ние даваме значителна економска помош“, изјави претставникот на Белата куќа. „Ние ја поддржуваме украинската војска, помеѓу другото, на полето на обука и тренинг. И тоа ќе продолжиме да го правиме“.

„Би сакале Русија своето влијание да го искористи за давање поддршка на политичките преговори, а не за преземање чекори кои водат кон ескалација на ситуацијата и на тој начин да ги поткопува напорите за постигнување политичко решение во овој конфликт“, изјави портпаролот на Белата куќа.

Според него, Русија „ќе остане во изолација сѐ додека не почне да делува во насока на исполнување на своите обврски“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња