НАТО повеќе не ја смета Русија за свој партнер, изјави командантот на силите на Алијансата во Европа генерал Филип Бридлав, а пренесува rambler.ru.
Тој рече дека комуникацијата меѓу военото раководство на Алијансата и Русија и понатаму постои, но дека ретко се остварува.
„Силите на НАТО во Европа во последните 20 години беа распоредени во склад со фактот дека Алијансата и Русија беа партнери. Не можеме да го сметаме за партнерство она што Москва го демонстрира денес“, изјави Бридлав, додавајќи дека Русија „очигледно се обидува да ги промени правилата и принципите кои веќе со децении претставуваат основа за безбедност во Европа“.
Бридлав го спомена и учеството на Русија во конфликтот на југоистокот на Украина. Според него, руската војска би можела да го искористи моменталното затишје во Донбас за да подготви нова операција.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче