Поранешен амбасадор на САД во РФ: Вашингтон смета дека е бесполезно да се помага Украина

Поранешен амбасадор на Вашингтон во Москвa изјави дека САД не се подготвени да војуваат за Крим, а нормализацијата на ситуацијата во Украина зависи од нејзините граѓани, пренесува „ЛајфЊуз.ру“.

Поранешниот амбасадор на САД во Русија Мајкл Мекфол во интервју за „Украинска правда“ даде низа изјави кои се сериозно спротивни на позициите и пропагандата на официјален Киев. Мекфол фактички им препорача на сите Украинци да се надеваат на себе, а не на помошта од САД, а исто така изјави и дека „Американците не се подготвени да војуваат за Крим“ со Русија, затоа што припојувањето на Крим кон РФ е веќе завршен историски факт. Покрај тоа, тој изјави и дека дел од властите на САД веќе се разочарале од Украина.

„Едноставно, не сакам луѓето да ги преценуваат можностите на Западот. На воена операција нема да се решиме, тоа е очигледно. Американците не се подготвени да војуваат за Крим... Тоа е едноставно историски факт. Треба да се биде реален на овој план“, изјави амбасадорот Мекфол.

Украинските новинари веднаш му го поставија на Мекфол прашањето за светскиот систем за меѓународна безбедност кој ја „покажа својата апсолутна неефикасност“, на што поранешниот амбасадор на САД во РФ одговори дека Руската Федерација е членка на Советот за безбедност на ООН и затоа „треба да бидеме реални“.

На прашањето дали е можно враќање на Крим во составот на Украина, Мекфол одговори дека доколку се биде оптимист, тоа ќе биде можно кога животот во Украина ќе стане подобар отколку во Русија.

„Посложеното прашање е дали да ѝ се помага на Украина или не“, истакна Мекфол. „Има луѓе во Вашингтон кои сметаат дека првиот пат не излегло како што треба, по „портокаловата револуција“ не излегло како што треба, и по трет пат нема да се смени ништо. Тоа не е мојата позиција, но таква позиција постои. 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.