Кери: Русија не вложува доволно напори за укинување на санкциите

Државниот секретар на САД Џон Кери изјави дека во овој момент не е можно укинување на санкциите против Русија затоа што Минската спогодба не е реализирана во доволна мера, пренесува РИА „Новости“.

Државниот секретар на САД Џон Кери изјави дека во овој момент не е можно укинување на санкциите против Русија затоа што Минската спогодба не е реализирана во доволна мера, пренесува РИА „Новости“.

„Се надевам дека ќе успееме во целост да ја спроведеме Минската спогодба. Очигледно е дека сега тие не се применуваат во доволна мера“, рече Кери, додавајќи дека поради тоа не е можно да се укинат какви било санкции против Руската Федерација.

Американскиот државен секретар истакна дека заедно со министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров настојува да се изнајде решение за потполна примена на Минската спогодба, но додаде дека е неопходно да се продолжи со „притисок“ врз Русија за да се исполни спогодбата.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.