Русија го смета Арктикот како место за дијалог

Русија го смета Арктикот како место за дијалог и заедничко решение на предизвиците на тој регион, рече специјалниот претставник на руското Министерство за надворешни работи Владимир Барбин, пренесува РИА „Новости“.

Русија го смета Арктикот како место за дијалог и заедничко решение на предизвиците на тој регион, рече специјалниот претставник на руското Министерство за надворешни работи Владимир Барбин пред состанокот на Арктичкиот Совет што ќе се одржи од 24-25 април во канадскиот град Икалуит.

"Ние го сметаме Арктикот како регион за дијалог и колективни одговори на предизвиците кои постојат таму. Истовремено  сите тие предизвици немаат апсолутно никаква воена димензија, туку се поврзани со напредни достигнувања во технологијата, со климатските промени, со фактот дека Арктикот се отвора за економски развој“, изјави дипломатот во интервју за „Комерсант“.

Барбин изјави за весникот дека на состанокот е предвидено да се усвојат низа важни документи, како што се „Рамковен план за соработка во сферата на спречување на загадувањето на морските области на Арктикот со нафта како резултат од пловидбата на  бродовите кои експлоатираат нафта и гас". Овој документ предвидува донесување на конкрени мерки во различни области на соработката: стандардизација, навигација и комуникација, размена на информации и искуства во арктички услови. Сето ова е во насока на избегнување на појава на еколошки ризици за Арктикот порзани со почетокот на економскиот развој на регионот.

Дипломатот истакна дека на потпишувањето на договорите за Арктикот  пречат меѓу другото и разногласијата меѓу Русија и други земји од Арктичкиот совет кои имаат свои позиции во врска со кризата во Украина. Но, во целина, рече тој, соработката во рамките на Советот „се отпорни на надворешни предизвици“, од 80 проекти во Арктикот ниту еден не беше прекинат поради  настаните во Украина.

"Ние, исто така, можеме да бидеме незадоволни од работата на една или друга земја, но ние сме прагматичари и веруваме дека е многу поважно да се зајакне соработката и да не се биде заложник на несогласувањата во други области. Нашата соработка се однесува на прашањата како што се екологијата и подобрувањето на квалитетот на животот на луѓето кои живеат во овој регион. Овие правци на соработка не треба да се политизираат. За жал, тоа не се случува секогаш“ -  рече тој.

Дипломатот рече дека во моментов се работи на договор за зајакнување на научната соработка во Арктикот, како и дека се планираат низа проекти во областа на телекомуникациите и екологијата.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.