Владимир Путин смета дека Русите и Украинците се ист народ и не прави разлика меѓу нив.
Ова го изјави тој во текот на „Директната линија“ одговарајќи на прашањето зошто Русија ѝ дава на Украина попуст на гас, поевтина струја, јаглен и кредити.
„Политичката ситуација во земјата се менува, но народот останува. Украинците и Русите се ист народ, сметам. Ние пред сѐ им помагаме на луѓето“, изјави Путин потенцирајќи дека Русија е заинтересирана за излез на украинската економија од кризата.
Претседателот исто така изјави дека Русија нема да се меша во украинското прашање, но има право да го искаже своето мислење околу тоа прашање.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче