Американската администрација воопшто не сака Минската спогодба да донесе резултати и да доведе до решение на сегашната криза во руско-европските односи, смета шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
„Мене ми е сосем јасно дека Вашингтон воопшто не посакува Минската спогодба да успее а кризата во руско-европските односи да биде надмината, иако Џон Кери постојано ми го кажува спротивното“, изјави Лавров за „Русија денес“ а пренесува РИА „Новости“.
„Но готовите потези на некои функционери на пониски функции, како и разни невладини организации, разни фондови, тие сега имаат збор во Украина“, додаде Лавров.
„Германија и Франција, тоа можам со сигурност да го кажам по сосем неодамнешните разговори со Лорен Фабиус и Франк-Валтер Штајнмаер во Луизијана, одлично разбираат дека оние одлуки кои се донесени и кои Порошенко во суштина не се обидуваше да ги оспори, туку самиот ги иницираше, иако беа во спротивност со она што го потпиша во Минска, дека тие одлуки претставуваат сериозна пречка за решавање на ситуацијата“, изјави Лавров.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче