Киев нема побарано реструктуризација на долгот од Москва

Заменик-министерот за финансии на Русија Сергеј Сторчак соопшти дека се немаат одржано преговори за реструктуризација на украинскиот долг, пишува РИА „Новости“.

Русија нема добиено од Украина барање за официјална реструктуризација на долгот, изјави заменик-министерот за финансии на РФ Сергеј Сторчак, пишува РИА „Новости“. 

„Официјални преговори за реструктуризација на украинскиот долг се немаат одржано“, ги цитира агенцијата „Блумберг“ зборовите на Сторчак.  

Тој додаде дека позицијата на Русија во однос на украинските еврообврзници не се сменила.

„Никому не сме продавале обврзници“, изјави тој.

Според него,  Русија останува имател на украинските должнички обврзници во износ од 3 милијарди долари.

Најголеми иматели на украинските еврообврзници се инвестицискиот фонд „Френклин Темплтон“ (во 2013 година откупи 7 милијарди од украинскиот надворешен долг или околу една четвртина од сите еврообврзници) и РФ (3 милијарди долари со рок на плаќање до крајот на 2015 година). Претходно  министерот за финансии на РФ Антон Силуанов изјави дека Русија се гледа себеси како официјален кредитор на Украина и дека не планира ни да го реструктуира, ни да го пролонгира нејзиниот долг од 3 милијарди долари.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња