Лавров: Кримските Татари добија права какви што никогаш немале

Кримските Татари добија права во областа на јазикот, културата и сопственост над земјиштето какви што никогаш порано немаа, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесува ТАСС.

Кримските Татари добија права во областа на јазикот, културата и сопственост над земјиштето какви што никогаш порано немаа, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во саботата на конференцијата за новинарите во Братислава, пренесува ТАСС. 

„Русија донесе закон за рехабилитација на сите луѓе кои живеат на Крим. Додека Крим беше дел од Украина, таков закон не ни беше во план“, изјави тој.   

„Решивме да организираме и земјишна амнестија. Татарите кои се вратија (од депортација) без дозвола заземаа земја, а тој проблем исто така не беше решен додека Крим ѝ припаѓаше на Украина“, напомна Лавров.

Тој истакна дека Татарите се застапени на сите нивоа на власт и имаат право да зборуваат, да ги школуваат децата и да добиваат услуги на својот јазик.

Русија исто така планира посебна финансиска програма за поддршка на културата на кримските Татари, изјави министерот Лавров. 



Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.