Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека во најскоро време Киев ќе воведе санкции против руски државјани кои учествувале во одвојувањето на Крим и во настаните во Донбас.
Како што пренесува РИА „Новости“, Порошенко го најавил воведувањето на санкциите во текот на неговата работна посета на Черниховската Област.
„Можам да кажам дека во најскоро време ќе биде објавена одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина со која се прошируваат санкциите спрема одделни руски државјани кои активно учествуваа во окупацијата на Крим и агресијата против Украина на истокот. Таа ќе ги опфати и мерките по повод преземањето на одделни активи и сметки“; изјави претседателот на Украина.
Украинскиот закон кој предвидува можност за воведување на над 20 видови санкции против Русија стапи на сила на 12 септември 2014 година. На списокот со санкции предложен од владата на Украина се наоѓаат над 200 руски компании и преку 1000 државјани на РФ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче