Претставници на САД и Украина ќе извршат набљудувачки лет над териториите на Русија и Белорусија во рамките на реализацијата на меѓународниот Договор за отворено небо, соопшти началникот на националниот Центар за намалување на нуклеарниот ризик Сергеј Рижков, пренесува РИА „Новости“.
Летот ќе се реализира во периодот од 30 март до 4 април 2015 года кога американскиот авион за набљудување ОС-135В ќе прелета над териториите на Русија и Белорусија.
„Во рамките на реализацијата на меѓународниот Договор за отворено небо мисијата на САД с учество на претставници на Украина планира да изврши набљудувачки лет над териториите на група-членки на Договорот Република Белорусија и Руската Федерација“, соопшти Рижков.
Договорот за отворено небо беше потпишан од 27 држави-членки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа во 1992 година во Хелсинки. Негова цел е зајакнување на меѓусебното разбирање и доверба. Во моментов потписнички на договорот се 34 држави. Русија го ратифицираше договорот на 26 мај 2001 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче