САД ја исклучија можноста да водат војна со Русија со туѓи раце

САД немаат намера со туѓи раце да водат војна со Русија или со друга земја, изјави официјалниот претставник на Стејт департментот на САД Џен Псаки во интервју за каналот „Дожд“.

САД немаат намера со туѓи раце да водат војна со Русија или со друга земја, изјави официјалниот претставник на Стејт департментот на САД Џен Псаки во интервју за каналот „Дожд“. 

„Наша цел е да го запреме незаконската инвазија на Русија и проруските сепаратисти на територијата на Украина“, изјави Псаки. Таа уште еднаш ја потенцираше  позицијата на Вашингтон за тоа дека Украина е суверена држава која „има потполно право да се брани“. Истовремено таа изрази увереност дека конфликтот на југоистокот на земјата „треба да се разреши по мирен пат“.  

Претходно на 25 март на својот последен работен ден, пред да замине на ново работно место во Белата куќа, Псаки изјави за новинарите дека Вашингтон ѝ посакува на Русија просперитет. „Ние сакаме да ги видиме Русија и нејзиниот народ успешни, руската економија – просперитетна. А сите други претпоставки се просто пропаганда“, ги цитира нејзините зборови РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња