„Ние треба итно да основаме трансевропски рускојазичен канал за емитување. Јас предложив и сметам на Вашата поддршка за да го примениме и во Литванија. Вие имате рускојазична публика, ние сме подготвени да ги испратиме најдобрите новинари, можеме да создадеме услови. Важно е во Литванија да сфатат дека е важно да се слуша и алтернативната позиција“, изјави во текот на средбата со литванската претседателка Даља Грибаускајте претседателот на Украина Петро Порошенко. Неговите зборови се цитирани во соопштението на веб-локацијата на украинскиот претседател.
Порошенко истакна дека „тоа треба да биде алтернативен канал, кој ќе биде достапен во секој хотел, во секоја болница“.
„Ние сме отворени за секаква помош и подготвени сме да испратиме свои експерти“, одговори Грибаускајте.
МНР Русија во врска со тоа изјави дека намерата на ЕУ да создаде рускојазичен канал за „контрапропаганда“ е во спротивност со принципите на слобода на говорот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче