Стејт департментот ја обвини Русија за репресии на Крим

Стејт департментот на САД ја обвини Русија за репресија врз националните малцинства на Крим и вети дека ќе ги остави на сила санкциите затоа што Вашингтон не го признава референдумот кој беше одржан таму пред една година, пренесува РИА „Новости“.

Стејт департментот на САД ја обвини Русија за репресија врз националните малцинства на Крим и вети дека ќе ги остави на сила санкциите затоа што Вашингтон не го признава референдумот кој беше одржан таму пред една година, пренесува РИА „Новости“.

„Нашата позиција во однос на Крим не е сменета“, им изјави официјалниот претставник на Стејт департментот Џен Псаки на новинарите. Според неа, „изминатата година Русија беше вклучена во масовни репресии врз националните малцинства на Крим, вклучително и врз Татарите“. Таа истакна дека „тоа ги натерало да бегаат или да се кријат“.

Таа исто така изјави дека санкциите поврзани со Крим ќе останат „сѐ додека трае неговата окупација“.  Освен тоа, според тврдењата на Псаки, ситуацијата со почитувањето на човековите права на Крим се влошила. „Локалните жители подложат на приведување, исчезнуваат, а невладините организации и независните медиуми беа принудени да го напуштат полуостровот“, изјави претставникот на Стејт департментот. Според неа, „овие злосторства се недозволиви и ние ја повикуваме Русија да престане со понатамошни прекршоци“.

Порт-паролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, во врска со обвинувањата од страна на Џен Псаки за руската окупација на Крим изјави дека тоа е внатрешна работа на Русија, пренесува Интерфакс. „Нема никаква окупација на Крим. Крим е регион на Руската Федерација, истакна Песков. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња