Американсиот сенатор од редовите на Републиканците Џон Мекејн упати критика до министерот за надворешни работи на Германија Франк-Валтер Штајнмаер како одговор на неговиот негативен став спрема писмото на американските републиканци до вкладата на Иран.
Според зборовите на сенаторот, германскиот министер заедно со својата влада одбива „да ја ограничи активноста на Владимир Путин кој за тоа време ги истребува Украинците“. Американскиот политичар изјави дека шефот на германската дипломатија „не заслужува доверба“, пренесува „Дојче Веле“.
Зборовите на Мекејн се реакција на критиката на Штајнмаер по повод писмото на американските републиканци до владата на Иран. Сенаторите во тоа писмо предупредија дека без ратификација на Конгресот на САД спогодбата за нуклеарната програма на Техеран може да биде укината пред истекот на мандатот на Барак Обама во 2017 година. .
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче