Медиуми: НАТО го пронајде својот „вистински повик“ во борбата со Русија

НАТО ја најде својата смисла на постоење во борбата со Русија, смета колумнистот на „Спутник“ Дмитриј Линик.

Самитот на НАТО во Велс наликуваше на празник – Алијансата која постепено се претвораше во рудиментарен орган на западната политика, наеднаш одново ја откри својата намена во вид на конфронтација со Русија. Најголемиот воен блок чии трошоци за одбрана се 11 пати поголеми од руските, ја означи Москва како „првостепена закана“, пишува политичкиот колумнист Дмитриј Линик за „Спутник“ (Sputnik).

Системот на европска безбедност по завршувањето на студената војна се дефинира со дихотомијата „конфликт-соработка“, смета новинарот. Долго време пред украинската политичка криза да добие пресврт, американските неоконзервативци и „проводниците" на нивните ставови на европска територија почнаа да ја „освојуваат“ политичката агенда на Западот во однос на Русија и се впуштија во конфронтација.

„Што се однесува до Украина, Западот тука се ограничи на стандардната аргументација: државите кои граничат со Русија треба самите да се определат со кого ќе се обединуваат и во кои меѓународни организации ќе се зачленуваат, а Русија, д своја страна, нема право на глас за тие прашања“, смета колумнистот.

Овој аргумент е неодржлив по својата суштина – само навидум слободното решение за свртувањето на Киев на Запад и напуштањето на руската орбита беше донесено под огромен притисок од Вашингтон и Брисел. Спроведувајќи ја таквата политика до руската граница, Запад би требал критички да ја процени ситуацијата: да ги земе предвид интересите на Москва или барем да се обиде да ја прогнозира нејзината реакција. НАТО и Велика Европа со Европа требаше да размислат дали има уште некои опции за политиката во однос на Русија, освен толку ризичната конфронтација. Освен тоа, одговорот на Москва на грузиската провокација во Јужна Осетија требаше да го натера Западот да се замисли.

„Начинот на размислување и политичката агенда на атлантизмот ја одржаа својата најважна победа – победата над разумот и здравата смисла. (...) НАТО се наоѓа „во подем“. Воената алијанса, наменета за заштита на западните држави, го зграпчи лидерството во дефинирањето на курсот на целата европска политика - тоа е нешто, што по дефиниција е недозволиво. При такви околности алијансата, се чини, станува за Европа „опашка која мавта со кучето“, смета новинарот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња