Могерини: Санкциите против РФ ќе се засилат ако се влоши ситуацијата во Украина

Европската унија е подготвена да ги засили санкциите против Русија доколку се влоши ситуацијата во Украина, изјави шефицата на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини, пренесува РИА „Новости“.

Европската унија е подготвена да ги засили санкциите против Русија доколку се влоши  ситуацијата во Украина, изјави шефицата на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини, сумирајќи го првиот ден на неформалната средба на шефовите на МНР на земјите-членки на ЕУ, пренесува РИА „Новости“.

„Сите знаеме добро дека единството е нашата силна страна, дали е тоа примената на санкциите, како што беше во минатото и како што може да биде во иднина, доколку се влоши ситуацијата, или нашето единство во поддршката на Украина или во политичкиот дијалог и дипломатскиот процес“; изјави Могерини.  

„Ние сме единствени во секоја активност која ја преземаме во однос на Русија, во однос на ситуацијата во Украина“, изјави шефицата на европската дипломатија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња