„Се истакнуваат смешни, во голема мера, барања кои во целост го поддржуваат гледиштето на киевските власти, а тие, како што знаете, изјавија дека ќе почнат со повлекување на тешкото вооружување единствено ако ден или два се задржи тишината без еден истрел. Сите ние прекрасно разбираме дека идеални примирја, идеални режими на прекин на огнот нема“, изјави Лавров, а пренесува РИА „Новости“.
„Кога пред два дена во Париз се состана „Нормандиската четворка“ на ниво на министри за надворешни работи, нашиот германски колега во целост се согласи со тоа дека сѐ додека не се започне со повлекување на тешкото вооружување, ризиците за инциденти ќе бидат неизмерно поголеми отколку при присуството на воена техника“, додаде министерот.
Тој исто така истакна дека изјавите на Запад за можностите за нови санкции против Русија се објаснуваат со немањето желба за почитување на Минската спогодба за решавање на ситуацијата во Украина.
Истовремено министерот изјави дека „објективните набљудувачи, меѓу нив и ОБСЕ, регистрираат значително намалување на престрелките, што значи примирјето сепак дава резултат“. Во врска со ова тој ги повика западните медиуми да признаат дека има резултати од примирјето и тоа суштински.
Претходно специјалната набљудувачка мисија на ОБСЕ во Украина регистрираше повлекување на тешкото вооружување од страна на бунтовниците.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче