За Словачка безбедноста на Европа е можна само со учество на Русија

Невозможно е да се осигура европската безбедност без учество на Русија, изјави министерот за надворешни работи на Словачка Мирослав Лајчак, пренесува ТАСС.

Невозможно е да се осигура европската безбедност без учество на Русија. Од руската позиција зависат многу нешта во процесот за мирно решение во Украина, изјави за новинарите министерот за надворешни работи на Словачка Мирослав Лајчак, пренесува ТАСС.

На средбата по повод 10-годишнината од рускo-американскиот самит во Братислава (на 24 февруари во главниот град на Словачка се сретнаа Владимир Путин и тогашниот претседател на САД Џорџ В. Буш), шефот на МНР Словачка повика на обновување на конструктивниот дијалог меѓу Русија и Западот.

„Потребно е да се соработува, истакна министерот. Неопходно е да се ислушаат мислењата со кои ние не се согласуваме. Нив мора задолжително да ги знаеме и анализираме“. Според него, мирот и стабилноста на планетата зависат од способноста на политичките лидери за дијалог и компромиси.

Субјектите на меѓународното право, реализирајќи ги политичките и економските интереси, различно гледаат на настаните. Според Лајчак, тоа е природна состојба на нештата и Западот мора да се обиде подобро да ја разбере Русија.

Претходно, премиерот на Словачка Роберт Фицо повика на ублажување на санкциите против Русија.

Тој истакна дека ограничувањето на трговско-економските односи со РФ крајно негативно влијае врз економијата на земјата, а активностите на Западот доведоа до значително скратување на бројот на работните места за словачките граѓани.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.