Владимир Путин ја отфрли можноста за војна со Украина

Претседателот на Русија Владимир Путин во интервју за „Русија-1“ изјави дека не треба да се очекува војна со Украина.

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека не треба да се очекува  војна со Украина.

„Мислам дека такво апокалиптично сценарио е тешко возможно и се надевам дека до тоа никогаш нема да дојде“, рече тој во интервјуто за „Русија-1“.

Коментирајќи ја изјавата на претседателот на Украина Петро Порошенко за намерата да го врати Крим, Путин рече: „Што се однесува до враќањето на некакви територии, тогаш тоа се работи од реваншистички карактер, и работата не е во враќањето на некакви територии некаде“.

„Работата е во тоа што денешното – според мене, јас не сакам да давам некакви совети, - но сепак раководството на една толку голема земја како Украина, пред сѐ, треба да ја врати земјата во нормала, да ја уреди економијата, социјалната сфера, да ги уреди своите односи со југоистокот на земјата на цивилизиран начин, да ги обезбеди законските права и интересите на луѓето кои живеат во Донбас, да речеме“, изјави претседателот на РФ.

Покрај тоа, Путин повика да не се поттикнува конфликт меѓу Русија и Украина. „Најлошо е поттикнувањето на конфликт меѓу Украина и Русија, како и обидите  да се преувеличи тој конфликт“, рече тој во интервјуто. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња