Западот, демонизирајќи го Владимир Путин, ја прикрива сопствената „анексија“ на огромната украинска територија, пишува агенцијата Спутник Њуз.
Од гледна точка на експертите на кои се повикува агенцијата, украинската криза послужи како покритие за узурпацијата на украинската плодна земја од страна на транснационалните агрохолдинзи. Според податоците на агенцијата, Западот ја принудил новата влада на Украина да ги укине ограничувањата за работа на странски агрохолдинзи на територијата на земјата.
На пример, набрзо по превратот во Украина компанијата Монсанто, светски лидер во производство на генетски модифицирани семиња и хербициди, инвестираше 140 милиони долари во својот бизнис во оваа земја, истакнува агенцијата. Според информациите на Спутник Њуз, странски компании, спонзорирани од ММФ и Светска банка, контролираат веќе 32 милиони хектари од полињата погодни за земјоделски цели.
Агенцијата истакнува дека на Западот му успева да го оттргне вниманието од таквите свои активности со демонизација на претседателот на соседната Русија, кого западните медиуми се обидуваат да го претстават како „диктатор“, замижувајќи пред злосторствата на новите власти во Киев.
Според мислењето на аналитичарите, демонизацијата на лидерите во светот заради постигнување на сопствените цели – меѓу другото заради добивање пристап до природните ресурси и важните од геостратешка гледна точка зони на една или друга територија – е омилената стратегија на Западот. Таа беше применувана и во однос на либискиот лидер Муамер Гадафи, и во однос на сирискиот претседател Башар Асад, а во последно време западните медиуми се фокусирани на Владимир Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче