Членовите на движењето „Антимајдан“ одржаа марш во центарот на Москва денеска, пренесува „Интерфакс“. Главното мото на настанот е „Една година од Мајдан. Нема да заборавиме и нема да простиме!“. Проценките на московската полиција се дека учествувале околу 35 000 луѓе.
Бројот на учесници во маршот е значително поголем од оној кој беше наведен во пријавата која претходно ја одобри градското собрание, но организаторите нема да бидат санкционирани, затоа што учесниците не го нарушија јавниот ред и мир, изјави Алексеј Мајоров, началник на управата за безбедност и антикорупција на Москва.
Според изјавата на организаторите, митингот беше организиран по повод „годишнината од државниот преврат во Украина“.
Пред насобраните настапија претставници на движењето „Мајките на Одеса“ кои раскажаа за настаните во овој украински град во мај минатата година. Исто така на сцената се појави и студентка од Крим која им се заблагодари на граѓаните за поддршката за Кримјаните од пред една година. Настапија со изведби на песни и Вика Циганова и Јулија Чичерина.
Сите што настапија остро ги осудија настаните на Мајдан во Киев и повикаа да не се дозволи да се случи слично нешто во Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче