Група воени инспектори од Холандија заврши со проверката на реонот во Ростовската област близу украинската граница и не откри некаква воена активност. Овој заклучок беше потврден од претставниците на Германија и Данска кои исто така учествуваа во оваа работа, соопшти Министерството за одбрана на РФ, а пренесе INTERFAX.RU.
„По завршувањето на проверката раководителот на инспекциската група од Холандија изјави за отсуство на воена активност во наведениот реон, за која согласно меѓународните обврски РФ е должна да ги информира државите-членки на ОБСЕ. Овој заклучок беше потврден од претставниците на Германија и Данска, кои исто така учествуваа во работата на групата од Холандија“, изјави денес за новинарите Сергеј Рижков, началник на Управата за контрола на исполнувањето на договорите при Министерството за одбрана на РФ.
Според него, инспекторите го провериле реонот на Ростовската област близу украинската граница на површина од над 13 илјади квадратни километри. Рижков истакна дека поголемиот дел од тој реон една недела претходно бил проверен од украински стручњаци.
Воените инспектори пристигнаа за да го определат обемот на воената активност во наведениот реон.
Во Министерството за одбрана истакнуваат дека инспекцијата се одвивала во целосна согласност со барањата на Виенскиот документ, донесен од земјите-членки на ОБСЕ во 2011 година и кој дозволува вршење проверка на одредени објекти и задолжителна размена на информации за воените сили.
Виенскиот документ предвидува можност за вршење три инспекции во која било држава во текот на една година. Претходно во тековната година пограничните реони на Ростовската област беа проверени од Украина и Турција. Според тоа, квотата за реализација на вакви операции во 2015 година е исцрпена.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче