Претседателот на Украина Петро Порошенко изјави дека операцијата за извлекување на лојалните на Киев опколени трупи од Дебаљцево наводно „ја посрамила Русија“ која им нудела на безбедносните сили, според шефот на државата, „да го положат оружјето, да кренат бело знаме и да се предадат“.
Според неговите зборови, „со овие операции беше посрамена Русија, која до вчера бараше од украинските војници да го положат оружјето, да кренат бело знаме и да се предадат“.
„Украинските војници чесно го задржаа името бранител на Татковината и, како што ветив, им одржаа лекција на оние кои се обидуваа да ги опколат и излегоа од Дебаљцево по наредба на врховниот командант“, изјави Порошенко чии зборови се цитирани на сајтот на претседателот на Украина.
Претходно Порошенко го негираше постоењето на „котел“ околу Дебаљцево. Во телевизиското обраќање, објавувајќи го примирјето, тој изјави дека патот за Дебаљцево е отворен и војската се снабдува со муниција.
Денеска тој прогласи крај на операциите за извлекување на единиците лојални на Киев од Дебаљцево. Тој исто така изјави и дека истите единици по повлекувањето од Дебаљцево зазеле одбранбени позиции на нови линии.
Од спротивната страна, од ДНР, изјавија дека украинските командири го напуштиле Дебаљцево, а украинските сили се деморализирани. Исто така, беше објавено дека голем број украински војници го положиле оружјето и се предале. Подоцна беше кренато знамето на Новорусија на една деветокатница во Дебаљцево, во која претходно имало украински снајпери и наведувачи на артилерискиот оган.
Освен тоа, заменик-командантот на корпусот на министерството за одбрана на ДНР Едуард Басурин соопшти дека борците започнале со повлекување на тешкото вооружување од линиите на разграничување.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче