Јацењук од Русија сака репарација, а не гас

Премиерoт на Украина Аресениј Јацењук изјави дека од Русија сака воена репарација, а не гас.

Премиерoт на Украина Аресениј Јацењук изјави дека се поставува прашањето за обнова на објектите што настрадаа во текот на борбените дејствија на југоистокот на Украина. Направената штета, според него, би требало да ја надомести Русија.

„Што се однесува до обновата на Донбас, сметам дека е логично да се постави прашањето за репарација од страна на Русија“, напиша Јацењук на својот Твитер профил вчера, а пренесува „Интерфакс“.

Јацењук повеќепати има изјавено дека Русија треба да сноси одговорност за она што се случува во Украина. Помеѓу другото, според него, токму Русија е одговорна за смртта на луѓето во Донецк, кога беше гранатирана тролејбуска постојка.

Тој исто така изјави за весникот „Взгљад“ дека има намера да го „сведе на нула“ увозот на гас од Русија. „Докажавме дека можеме да се ослободиме од зависноста од руски гас... Јас сакам да го сведам тоа на нула“, ја пренесува неговата изјава РИА Новости. Тој истакна дека во 2013 година Украина купила од Русија 95% од вкупно увезениот гас, а минатата година 33%.

Истовремено на почетокот на јануари „Укртрансгас“ сoопшти дека Украина увезла од Европа 5,1 милијарди кубни метри гас, што е за 59% повеќе од претходната година. Порастот е реализиран поради зголемувањето на „повратните испораки“ на руски гас од Словачка, од каде стигнале 3,6 милијарди кубни метри гас. Од Полска и Унгарија се увезени 0,9 и 0,6 милијарди кубни метри. Се работи за набавка на руски гас кој е претходно продаден на други европски земји, а тие потоа го препродаваат на Украина. Притоа увозот на гас во Украина директно од Русија се намалил 1,8 пати и изнесувал 14,5 милијарди кубни метри гаса.

Русија во 2014 година речиси шест месеци не извезуваше гас во Украина. „Гаспром“ на 16 јуни за „Нафтогас на Украина“ поради долгови воведе авансно плаќање, а испораките беа обновени дури на 9 декември. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.