Русија е гарант за украинското решение, но не е страна која го извршува пакетот-мерки наменет за тоа, изјави за РИА Новости прес-секретарот на претседателот на РФ Дмитриј Песков.
„Русија е земја која е повикана од страните во конфликтот. Тоа е земја која ги повика страните во конфликтот да го потпишат пакетот-мерки за исполнување на Минската спогодба. Но, Русија не е страна која го исполнува тој пакет-мерки. Тоа е земја која настапува како гарант, но, безусловно, не тоа не е страна која треба да преземе активности со таа цел. Ние едноставно не можеме да го правиме тоа физички, затоа што Русија не е учесник во тој конфликт“, изјави Песков.
Претходно канцеларката на Германија Ангела Меркел изјави дека ЕУ не исклучува нови санкции против Русија, доколку реализацијата на новиот Мински договор тргне на лошо.
„Доколку сѐ тече добро, ние со радост ќе го придружуваме тој процес (на имплементација на новиот договор за Украина), доколку има тешкотии, ние не исклучуваме понатамошни санкции“, изјави таа за новинарите на крајот од самитот на ЕУ во Брисел.
Во четвртокот во Минск претседателите на Русија, Франција, Украина и канцеларката на Германија ги завршија разговорите за решавање на кризата во Украина. Беше договорено примирје кое треба да почне на полноќ на 15 февруари, повлекувањето на тешкото вооружување на безбедно растојание треба да започне не подоцна од вториот ден по прекинот на огнот и да заврши во рок од 14 дена. До крајот на годината во Украина треба да биде спроведена уставна реформа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче