Путин ќе учествува на разговорите во Минск

Претседателот на Русија Владимир Путин денес ќе учествува на разговорите во Минск кои ќе се одржат во „Нормандиски формат“, сооопшти денес прес-службата на Кремљ, пренесува INTERFAX.RU.

Претседателот на Русија Владимир Путин денес ќе учествува на разговорите во Минск кои ќе се одржат во „Нормандиски формат“, сооопшти денес прес-службата на Кремљ, пренесува INTERFAX.RU.

Претходно се дозна дека претседателот на Франција Франсоа Оланд, канцеларката на Германија Ангела Меркел и претседателот на Украина Петро Порошенко исто така одлучија да отпатуваат во Минск на разговори за решавање на украинскиот конфликт. Се очекува средбата да започне во 18:00 по минско време.

Самитот во „Нормандиски формат“ е проследен со извонредно интензивна и практично дваесетичетиричасовна работа на експерти на различи нивоа, која веќе трае неколку дена. Од нив се очекуваат подготовки на можниот заеднички документ на четворицата лидери. Содржината на дискутираните предлози не се обелоденува.

Договорот за можната средба на „нормандиската четворка“ во Минск беше постигнат во текот на телефонскиот разговор на претседателите на РФ, Украина, Франција и канцеларката на Германиија на 8 февруари.

Пред тоа Оланд и Меркел на 5 февруари го посетија Киев, каде ги дискутираа своите мировни предлози со Порошенко, а потоа на 6 февруари ја посетија Москва, каде „очи во очи“ 5 часа разговараа со Путин.

Прес-секретарот на претседателот на РФ ДМитриј Песков по разговорите во Кремљ соопшти дека „поаѓајќи од предлозите формулирани од претседателот на Франција и канцеларката на Германија, во тек е заедничка работа на подготовка на текстот за можниот заеднички документ за имплементација на Минската спогодба“.

Станува збор за документ кој, според зборовите на Песков, “би ги вклучувал предлозите на претседателот на Украина, како и предлозите, формулирани и додадени од претседателот на Русија“. Прес-секретарот на претседателот нагласи дека заедничката работа е со цел„ текстот на документот со вметнатите предлози да биде понатаму даден за одобрување на сите страни во конфликтот“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња