![]() |
Во Минск повторно ќе се расправа за војната во Украина |
Порт-паролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков изјави дека во Кремљ не знаат ништо за таканаречениот тиролски план за решавање на ситуацијата во Украина, кој наводно бил предложен од страна на Владимир Путин по тристраната средба со шефовите на Франција и на Германија.
Претходно украинските медиуми соопштија дека наводно претседателот на РФ Владимир Путин им предложил на претседателот на Франција и на канцеларот на Германија да се даде автономија на Донецката и на Луганската Народна Република во рамките на административните граници на Донецката и на Луганската област. Се лиферуваше дека Путин излегол со ваков предлог на трилатералната средба. Новинарите ваквата мапа ја нарекоа „тиролски план“, правејќи паралела со тиролските земји што влегуваат во состав на Италија и на Австрија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче