Главниот командант на силите на НАТО во Европа Филип Бридлав во интервјуто за германскиот весник „Ди Цајт“ изјави дека Русија се обидува да ја врати Украина во својата сфера на влијание. Според него, руската страна притоа применува нетрадиционални методи на војување, пренесува „Взгљад“.
Како што изјави Бридлав, „Русите ги користат сите инструменти кои државата ги има на располагање: остар дипломатски притисок, моќна дезинформациска кампања, тајни воени капацитети и „мали зелени човечиња“. Меѓу другите лостови за влијание врз Украина, Русија користи интензивен економски притисок, испорака на енергенси, барања за враќање на заемите пред истекот на роковите, наведува Бридлав.
Американскиот генерал додаде дека Русија „ги поддржува сепаратистите со тенкови, оружје и системи за противракетна одбрана, поткопувајќи ја на тој начин не само безбедноста на Украина, туку и на целиот европско-атлантски простор“. Бридлав ја исклучи можноста за конструктивни односи со Москва поради конфликтот на истокот на Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче