Кремљ го обвини Запад за користењето на Украина како „овен“

Раководителот на кабинетот на претседателот на Русија Сергеј Иванов смета дека западните партнери на Москва, пред сѐ, прекуокеанските, ја користат Украина како „овен“ за решавање на своите надворешнополитички задачи. „Една од нив е да ги раскараат ЕУ и Русија“, смета политичарот, а пренесува ТАСС.

Според него, САД воопшто немаат штета од тоа, затоа што обемот на руско-американската трговија е блиска до нула, а обемот на трговија меѓу Русија и ЕУ е „многу сериозна сума“.  „Како што велат, „да се построи“ ЕУ за јасно да ги следи соодветните инструкции и директиви“, објасни шефот на администрацијата во Кремљ.

Тој додаде дека за судбината на украинскиот народ Западот не е многу загрижен. „Доколку го загрижуваше, уште одамна ќе дадеа многу пари. Но засега нешто даваат. Не многу“, рече Иванов. Притоа тој забележа дека самото украинско раководство воопшто не се сиромашни луѓе. „Ако си заминат, како  што зборуваат во потесните кругови, со сето тоа ќе си има работа обичниот украински народ“, прогнозира Иванов.

Односите на Русија со западните земји, меѓу нив и САД, се заострија пролетта 2014 година во врска со присоедниувањето на Крим кон РФ и конфликтот на истокот на Украина. Тогаш врз Москва почна да се врши притисок по пат на воведување и последователно засилување на многубројни санкции.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња