Потпретседателот на САД Џозеф Бајден и претседателот на Украина Петро Порошенко се договориле да бараат пожестоки санкции против Русија во текот на телефонскиот разговор вчера на 24 јануари. Ова го соопштува Reuters повикувајќи се на прес-службата на Белата куќа.
Во разговорот со Порошенко Бајден ги осудил нападите на истокот на Украина кои, според него, „биле иницирани од проруските сепаратисти.“ Тој исто така се согласил со претседателот на Украина во тоа дека Русија ги игнорира своите обврски во рамките на Минската спогодба која беше потпишана во септември минатата година. Бајден и Порошенко се договориле за соработка со меѓународните партнери со цел да се гарантира дека „цените за Русија ќе продолжат да растат поради нејзините агресивни дејства против Украина.“
Вчераутро, на 24 јануари, од системите „Град“ беше гранатиран станбениот комплекс на Мариуопољ по што загинаа 30 лица. Украинските власти ги обвинуваат борците кои пак, од своја страна, ги негираат овие изјави, нарекувајќи ги провокации. Во дневниот извештај на набљудувачката мисија на ОБСЕ се наведува дека гранатирањето на Мариупољ се вршело од источните и североисточните предградија на градот, контролирани од борците.
Претходно претседателот на САД Барак Обама во телефонскиот разговор со својот француски колега Франсоа Оланд се изјасни за продолжување на санкциите против Русија. Можното намалување на санкциите против Русија беше наречено како ненавремено и во Велика Британија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче