„Нормандиската четворка“ ќе го поддржи повлекувањето на вооружувањето во Украина

Како што пренесуваат РИА Новости и INTERFAX.RU, шефовите на дипломатиите на „Нормандиската четворка“ се договориле да дадат поддршка на задачата за итно повлекување на тешкото вооружување во Украина, изјави шефот на МНР на Русија, Сергеј Лавров.

Исто така, „контакт-групата за Украина треба да ја обнови својата работа што поскоро“, им изјави тој на новинарите по завршувањето на средбата на „Нормандиската четворка" (Русија, Германија, Франција, Украина) во Берлин.

„Ја сметам оваа одлука за наполно суштинска, затоа што го институционализира форматот на контакт-групата во кој борците директно контактираат со киевските власти. Ние многупати истакнувавме дека токму директиот дијалог, зацврстувањето на директниот дијалог меѓу Киев и претставниците на прогласените Донецка и Луганска народна република се клуч за решавање на длабоката украинска криза“, додаде Лавров.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња