Лавров го поддржа територијалниот интегритет на Украина

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави дека Москва се залага за решавање на конфликтот во Донбас со цел зачувување на територијалниот интегритет на Украина. Притоа тој ја истакна потребата од почитување на правата на населението на југоистокот на земјата.

 „Поаѓајќи од фактот дека сите ја признаваат потребата од обновување на територијалниот интегритет на Украина, претседателот на Русија даде предлог сега да не се продолжува со расправии за линијата на судирот, туку да се повлече тешкото вооружување од линијата која е наведена во Минската спогодба, а не од фактичката “, изјави Лавров, додавајќи дека во случај на повлекување на војската „ситуацијата на теренот ќе се нормализира.“

Министерот истакна дека и Русија има низа предлози за посебниот статус на Донбас и уставната реформа на Украина. Се очекува тие да бидат дискутирани во рамки на средбата на шефовите на МНР на земјите од „Нормандиската четворка“ (Русија, Украина, Германија и Франција). Покрај  тоа, Лавров изјави дека Русија е подготвена да го поддржи секој преговарачки процес кој ќе биде прифатлив како за Киев, така и за претставниците на самопрогласените Донецка и Луганска народна република.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.