Никој досега не претстави докази или сведоштва за присуството на руски војници на територијата на југоистокот на Украина, изјави во петокот постојаниот претставник на Русија во ОБСЕ Андреј Келин.
„Седум и пол илјади (руски) војници - тоа е цифра која ’лебди’ наоколу без никакви наведувања на било какви извори. Сѐ уште никој не може да даде ниту еден доказ, и покрај нашите барања... Не постојат докази, нема сведоштва дали тоа се случува“, изјави Келин за телевизискиот канал „Русија 24“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.