Треба да се продолжи вршењето притисок врз Москва, изјави премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон на 7 јануари на конференцијата за печатот во Лондон, одржана заедно со германската канцеларка Ангела Меркел.
„Засега не сме задоволни како се реализира Минскиот договор. Ќе разгледаме на кој начин тоа може да се забрза“, изјави Меркел, а пренесува РИА Новости. Камерон повторно изрази поддршка за вршењето притисок врз Москва со цел ставот на руското раководство околу Украина да се промени.
Премиерот на Велика Британија, познат по тоа што ги застапува најострите ставови против Русија од сите лидери на Европската унија, потсети дека политичкото решавање на конфликтот е можен, но дека Русија мора да го промени курсот и да покаже дека сака дијалог со Киев.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче