Членот на економскиот комитет при Советот на Федерацијата професор Евгениј Тарло смета дека Украина нема да може да ги исплати долговите за издадените еврообврзници кон Русија.
„Не верувам дека Украина, дури и да сака, ќе може да ги исплати долговите кон Русија. Таа нема доволно средства“, изјави Тарло, а пренесува РИА Новости.
Извори запознати со економската ситуација во Украина изјавија дека земјата може да предложи продолжување на рокот за отплаќање на украинскиот долг за еврообврзниците во вредност од 3 милијарди долари. Освен тоа, Министерството за финансии на Украина изјави дека државата ќе ги исполни сите финансиски обврски кон Русија и дека не се планира преструктуирање на долгот.
Од своја страна Терло додаде дека „доколку Русија би побарале враќање на целиот долг од страна на Украина, земјата би ја снашол дефолт“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче