МО РФ ја повикува коалицијата на САД да не пречи во Сирија

Една година по започнувањето на операцијата во Сирија, Русија успеа да го стори она што коалицијата предводена од САД сѐ уште може само да го сонува, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на Русија генерал-мајор Игор Конашенков.

Генерал Конашенков потсети дека за една година од операцијата на Русија во Сирија повеќе од две илјади градови и села се вратија во цивилниот живот, 86 вооружени групи го положија оружјето, а стотици илјади Сиријци се вратија во своите домови за одново да го градат својот живот во мир, пренесува РИА „Новости“.

„Затоа, ако не можете или не сакате да се борите со ИД („Исламската држава“) и „Ан Нусра“, барем не пречете“, додаде портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, нагласувајќи дека руските сили во Сирија се обезбедени со сѐ што е потребно за ефикасна борба против меѓународниот тероризам.

Претходно портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер ги повика другите земји да не им даваат поддршка на руските танкери кои испорачуваат гориво за авиогрупата на Воздушно-космичките сили на Русија.

Според Конашенков, таквите изјави го потврдуваат фактот дека борбата против тероризмот во Сирија никогаш не била целта на американската администрација на заминување.

Генералот истакна дека Стејт департментот отворено ги повика другите земји да ѝ пречат на Русија во борбата против терористите, „за некако да ги израмнат неуспесите на американската политика во таа земја, почнувајќи од 2014 година“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња