МО РФ: Санкциите на ЕУ не се однесуваат на снабдувањето на ВКС со гориво

Важечките „санкции“ во рамките на ЕУ за испорака на гориво за Сирија не се однесуваат на авиогрупата на ВКС Русија, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на РФ генерал-мајор Игор Конашенков.

Генералот потсети дека Русија не е членка на ЕУ. „Важечките во рамките на Европската унија интриги, ограничувања и „санкции“ за испорака на гориво во Сириската Арапска Република на авиогрупата на ВКС Русија, благо кажано, не се однесуваат“, потенцираше тој.

Конашенков исто така потсети дека Русија е една од водечките земји-производители на нафта во светот, „затоа никаков дефицит на гориво за ВКС Русија, особено кога тоа се однесува на борбата против меѓународниот тероризам, нема и не се ни очекува“, пренесува „Лента.ру“.

Претходно агенцијата „Ројтерс“ соопшти, повикувајќи се на извори, дека руските танкери испорачувале гориво во Сирија, влегувајќи притоа во кипарски и грчки пристаништа. Беше објавено, на пример, дека по посетата на овие пристаништа и заминувањето кон Сирија и Либан уредите за следење на маршрутата на танкерите наводно биле исклучени.

Извори во европските разузнавачки структури тврдат дека во рок од една до две недели во октомври, руски танкери преку територијата на ЕУ доставиле 20 илјади тони авионско гориво во Сирија во вредност од околу девет милиони долари, врз основа на тековните светски цени.

Според донесената пред две години одлука на ЕУ за санкции, забрането е секаква испорака на авионско гориво во Сирија од териториите кои ѝ припаѓаат на Европската унија, без оглед дали горивото е произведено во ЕУ или не.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња