Лавров и Кери ќе се сретнат во недела

Претходно беше најавено дека средбата меѓу Лавров и Кери ќе се одржи на 15 декември.

Шефот на МНР на Русија Сергеј Лавров и државниот секретар на САД Џон Кери ќе имаат средба во Рим на 14 декември, пишува ТАСС, повикувајќи се на дипломатски извор.

Во Минск ќе се разговара за примирје, не за мир

„Средбата е планирана по ручекот“, изјави изворот.

Претходно беше најавено дека средбата меѓу Лавров и Кери ќе се одржи на 15 декември.

Главна цел на средбата е разговор за тековната ситуација во Израел и Блискиот Исток.

Освен тоа, се планира и разгледување на ситуацијата во Украина и Сирија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња