Лавров и Кери разговараа за деескалацијата на украинскиот конфликт

Лавров и Кери разговараа и за сирискиот конфликт, ситуацијата во Палестина, како и за иранската нуклеарна програма.

Шефот на министерството за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров и државниот секретар на САД Џон Кери се сретнаа во Базел во рамките на заседанието на Советот на министри на надворешни работи на ОБСЕ, пренесува прес-службата на руското МНР.

Дипломатите разговараа за ситуацијата во Украина и изразија поддршка на напорите на набљудувачката мисија на ОБСЕ.

„Лавров посебно ја забележа неопходноста од последователно извршување на минските протоколи, со што ќе се обезбеди примирје и продолжување на директниот дијалог меѓу Киев и Донецк и Луганс“, пренесено е од МНР на РФ.

Лавров и Кери разговараа и за сирискиот конфликт, ситуацијата во Палестина, како и за иранската нуклеарна програма. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња