Експерт: Пофалбата од Пентагон за руската авијација во Сирија не е случајна

Картер сака да покаже против каков непријател во краен случај ќе мора да се бори американската војска, смета воен експерт.

Ештон Картер не без причина ги пофали руските Воздушно-космички сили за  професионализам во Сирија. За можните мотиви кои стојат зад оваа изјава за радио „Ѕвезда“ зборуваше аналитичарот на агенцијата ТАСС Виктор Литовкин.

Според неговите зборови, ова неочекувана пофалба на министерот за одбрана на САД јасно укажува на одреден контекст.

„Од една страна, нашите пилоти навистина војуваат високо професионално. Тие вршат напади со високо прецизно оружје врз конкретни цели. Другата страна на прашањето е во тоа што Картер сака да покаже против каков непријател ќе мора да се бори американската војска, во краен случај. Затоа бара од своите потчинети исто така да ги унапредуваат своите борбени вештини и во американската војска да пристига најсовремена и најсовршена техника“, изјави Литовкин, пренесува „Ѕвезда”.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња