Пентагон го призна професионализмот на ВКС Русија во Сирија

Министерот за одбрана на САД Ештон Картер изјави дека руските сили во Сирија се однесуваат многу професионално.

Шефот на Пентагон Ештон Картер изјави дека Русија многу професионално дејствува при решавањето на конфликтните ситуации на небото над Сирија, се вели на сајтот на Министерството за одбрана на САД.

„Ние работиме на многу професионален начин, ги усогласуваме спорните моменти кои настануваат во текот на нашите воздушни операции. И во таа сфера Русија се однесува многу професионално“, истакна тој, настапувајќи на прес-конференција во Багдад, пренесува РИА „Новости“.

Притоа Картер додаде дека САД „секогаш ја држат вратата отворена“ за поширока соработка во Сирија. Сепак, според него, во моментов „вистински да се отвори таа врата“ во прашањата за соработка со Русија останало без успех.

Претходно руското МНР потенцираше дека влошувањето на ситуацијата во Алепо настанало како резултат на неисполнувањето од страна на САД на обврските во рамките на руско-американскиот договор. На пример, Вашингтон не презеде никакви напори за одвојување на умерената опозиција од милитантите.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња