Американскиот сенатор-републиканец Џон Мекејн повика на остро спротивставување на „неконтролираните амбиции“ на Владимир Путин, како и овозможување на ефикасна помош на Украина. Оваа изјава тој ја даде по повод 25-годишнината од „кадифената“ револуција во Чехословачка, пренесува „Гласот на Америка“.
„За прв пат после завршувањето на Втората светска војна сме сведоци како една европска земја се распаѓа на делови“, изјави Мекејн, запрашувајќи се: „Каква цена ќе плати Владимир Путин за своите постапки?“ Според него, сѐ додека зависи од рускиот гас, Европа ништо нема да направи, и „Владимир Путин го знае тоа“.
Мекејн смета дека не треба да се започнува Трета светска војна, дури ниту „Студена војна“, туку да се „поддржат принципите на НАТО и да се направи сѐ што е можно за да им се помогне на Украинците, кои не сакаат да останат во орбитата на Москва.
Џон Мекејн е уверен дека Вашингтон ја губи довербата на меѓународната заедница поради неспособноста во решавачки моменти да влијае на ситуацијата на истокот на Украина. Тој вети дека ќе направи сѐ што е во негова моќ за да ја натера администрацијата на Обама да испорача оружје во Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче