Порошенко: Украина е подготвена за тотална војна

Според неговите зборови, украинската армија сега е „во подобра состојба“.

Претседателот на Украина Петро Порошенко во интервју за германскиот весник "Bild" изјави дека неговата земја не сака војна, но дека мора да биде подготвена за секаков развој на настаните, пренесува агенцијата ТАСС.

„Подготвени сме за сценарио на тотална војна“, изјави Порошенко, истакнувајќи дека украинската војска во моментов ’е во подобра состојба отколку пред пет месеци’“.

„Ние најмногу од сѐ сакаме мир, но мора, за жал, да го разгледаме и најлошото сценарио за развој на настаните“, изјави претседателот на Украина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.