Опасноста од можните проблеми во текот на транзитот на гасот преку Украина до европските потрошувачи достигна критично ниво, се наведува во извештај на „Гаспром“. Во извештајот се напомнува дека според податоците од 30 септември 2014, нафтениот холдинг НАК „Нефтогас Украина“ не извршил ниту една авансна уплата, пренесува РИА Новости.
Државниот нафтен холдинг НАК „Нефтогас Украина“ на 12 ноември 2014 на „Гаспром“ му вратил дел од паричните средства кои руската компанија претходно ги уплати за транзитот на гас преку територијата на Украина. Украинската нафтена компанија ги врати средствата бидејќи цената за транзит на гасот зависи од цената на неговата испорака. Украинската страна не можела да ги прифати уплатените средства, бидејќи во тој случај ќе мора да ја прифати руската цена на гасот.
Меѓутоа, за време на редовните телефонски консултации со германската канцеларка Ангела Меркел, претседателот на Украина Петро Порошенко изрази незадоволство од тоа што Русија, наводно, не платила за транзитот на гас преку Украина во земјите на Европската унија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче