Пушков: Договорот за гас претставува пропаст на желбата на Јацењук да ја уценува Русија

Според неговото мислење, заклучоците во Брисел ја рефлектираат руската позиција.

Договорот за испорака на гас во Украина покажува дека пропадна обидот на украинскиот премиер Арсениј Јацењук да ја уценува Русија, изјави за РИА Новости шефот на комитетот во Државната дума за меѓународни односи, Алексеј Пушков.

„Заклучоците од преговорите ја рефлектираат руската позиција и сите принципи на кои настојуваше Русија - плаќање однапред, делумно плаќање на долгот и попуст од 100 долари. Затоа, сметам дека овој договор ја неутрализира линијата на премиерот Арсениј Јацењук, кој сака да ја уценува Русија, да ѝ диктира украинска цена за гасот, но и да се откаже од испораките на руски гас, бидејќи Јацењук повеќепати изјави дека Украина може и без рускиот гас“, изјави Пушков.

Главното прашање сега, според него, е во тоа дали Украина ќе ги почитува обврските кои ги презеде врз себе во договорот. Пушков додаде дека Украина досега не ги разгледувала и сметала меѓународните обврски како задолжителни. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња